ПОВЕЌЕ

    Миса маркети: Казната е за зелени пиперки и грав, кои добавувачите не можеа да ги достават

    Време зa читање: 2 минути

    „Не е точно дека Миса маркети не го почитуваат ограничувањето на цените на одредени производи опфатени со владините мерки“, се јавија со соопштение од струшката компанија, во кое наведуваат дека реакцијата е поттикната од објавените информации дека им била „изречена казна поради непочитување на одлуката на Владата за замрзнување на цените на овошје и зеленчук“.

    „Посочуваме дека во еден од нашите маркети беше извршен инспекциски надзор од Пазарен инспекторат, при што ни беше изречена глоба, но не затоа што сме продавале по повисоки цени од утврдените, туку затоа што во моментот немало понуда на зелени пиперки и грав на рафтовите, производи кои се опфатени со владината мерка“, посочуваат од „Миса“ маркети.

    Притоа, нагласуваат дека обезбедувањето на производите не зависи само од нив.

    „Потенцираме дека во континуитет работиме совесно, посветено и напорно да ги набавиме сите производи во потребните количини, но тоа е условено од достапноста на пазарот и од добавувачите.

    За конкретните производи за кои ни е изречена глоба, доставивме доказ дека маркетот извршил побарување од добавувачите. Но, од добавувачите бевме известени дека не се во можност да ни ги достават, затоа што таа стока не можат да ја набават од увозниците во бараните количини“, тврдат од компанијата.

    Освен тоа велат дека МКБ Миса ги почитува  владините одлуки, но „процесот на трговија не зависи само од трговците на мало, туку е ланец во кој учествуваат повеќе поврзани и зависни чинители. Ова појаснување го даваме за да се сфати дека ние не можеме да продаваме нешто што не го произведуваме, а ниту можеме да го набавиме. Сите производи коишто ги имаме на залиха во магацин секогаш се наоѓаат и во продажба“.

    Од компанијата реагираат и дека „со паушално пренесни изјави без прецизни и проверени информации се нанесува штета на нашиот бренд, кој е препознаен од граѓаните во струшко – охридскиот регион по своите фер трговски практики“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично