ПОВЕЌЕ

    „Мал битолски Монмартр“ и годинава со финансиска поддршка од Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Вредните детски рачиња повторно творат во Битола. „Малиот битолски Монмартр“ годинава собра 120 млади ликовни уметници од целиот свет, а Комерцијална банка со гордост ја продолжи финансиската поддршка на оваа манифестација со светска слава.

    Детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр“ годинава одбележува 42 години постоење и уметничко творештво од светски ранг. Комерцијална банка е горд спонзор затоа што придонесува за развивање на детското ликовно творештво и за афирмација на земјава на меѓународната уметничка сцена.

    Банката го почитува и го поздравува повеќе деценискиот ентузијазам на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола, кое стои зад организацијата на „Мал битолски Монмартр“, и им го честита 55-от јубилеен роденден со желби за уште многу успеси и убави предизвици.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично