Друштвото во трите месеци од 2022 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари негативен финансиски резултат односно загуба од 5,13 мил. денари.
- Вкупните приходи за трите месеци од 2022 год. изнесуваат 41,80 мил. денари и се зголемени за 156% додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 264% во однос на истиот период минатата 2021 година.
- Вкупните трошоци и расходи од работењето за трите месеци од 2022 год. изнесуваат 46,94 мил. денари и се зголемени за 43% во однос на 2021 година.
Негативниот финасиски резултат од работењето кој што го оствари Друштвото во првите три месеци од 2022 година сеуште може да се казже дека е директна последица на глобалната пандемија на вирусот Ковид-19 која што беше прогласна во почетокот на 2020 година како и на енормно зголемената цена на електричната енергија и останатите енергенси.
- И покрај остварениот негативен финансиски резултат во привите три месеци од годината, финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност на Друштвото се на доста високо ниво.
Друштвото во борбата против негативните последици од глобалната пандемија на вирусот Ковид-19 главниот акцент на своите активности го стави на инвестициските активности од кои најзначајна е инвестициската активност за целосно реновирање на Хотелот Холидеј Ин. Со Одлука на Управниот Одбор од 04.03.2022 целосно реновираниот Хотел Холидеј Ин започна со работа.
Имајќи во предвид дека со деловна активност започна најголемиот хотелски капацитет на Друштвото, се очекува во наредниот период од деловната 2022 година, Друштвото да оствари значително подобар финансиски резултат од својата главна деловна активност.
Во период од 01.01-31.03.2022 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во ревидираните финансиските извештаи на Македонијатурист АД – Скопје.
На претстојната годишна седница на Собранието на акционери закажана на 11.05.2022 година, предложена e Одлука за исплата на дивиденда за 2021 година во бруто износ од 48.892.500 денари.
“Македонијатурист” АД Скопје во извештајниот период нема нови кредитни задоженија.
“Македонијатурист“ АД Скопје во текот на трите месеци од 2022 изврши нови вложувања во износ од 19.219.846 денари во градежните објекти, за набавка на опрема и за одржување на постојната опремата во своите објекти. Најголемиот дел од овие средства се инвестирани за комплетното реновирање на Хотелот Холидеј Ин.
Друшвото постојано своите инвестициски активности во континуитет ги насочува кон реновирање и модернизација на постојните хотелски и ресторански капацитети, кон подобрување на условите за работа, почитување на протоколите за заштита на здравјето, спроведување на новите законски регулативи и задолжително спроведување на нови стандарди за брендираните хотели и тековно одржување.
Во извештајниот период Друштвото нема продажба и отпис на постројки и опрема.
Планираните активности на “Македонијатурист“ АД Скопје за 2022 год. се во согласност со сите законски регулативи, како и со стратегијата за развој на Друштвото.
Главните инвестициски активности на Друштвото во текот на 2022 година ќе бидат насочени кон реализирање на дополнителни активности за целосното реновирање на Хотелот Холидеј Ин, како и инвестициските активности за модернизирање на Хотел Белви.
Останатите инвестициски активности превидени за 2022 година се однесуваат на модернизација и санација на остантите капацитети со кои располага Друштвото.
Имајќи во предвид дека Друштвото сеуште работи во услови на глобална пандемија на вирусот Ковид-19, главните активности на Друштвото ќе бидат насочени кон што е можно поефикасно користење на ресурсите со кои располага, почитување на здравствените протоколи за заштита на здравјето на гостите и вработените, намалување на трошоците, се со цел да се намали негативното влијание на глобалната пандемија и да се подоби финансискиот резултат во наредниот период