ПОВЕЌЕ

    Култниот „Мирно лето“ за незаборавно филмско пладне со оние кои нè пораснаа

    Време зa читање: 3 минути

     

    Преку можноста внуците да ги поведат своите баба и дедо на кино или пак ние да појдеме со нашите родители и повозрасни роднини, сакаме да покажеме дека сме сме тука за оние кои нè пораснаа, дека ни значат, дека сакаме да ги слушнеме и гушнеме.

     В недела (11 декември) во 12 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“.

    Иницијативата е дел од големата кампања на Халкбанк АД Скопје „Да ги слушнеме и гушнеме“ која го свртува вниманието кон повозрасната популација, на која треба да ѝ покажеме дека е важен дел од нашето општество, дел од нас, а ние имаме време за неа:

    –  Среќни сме што поттикнуваме семејни дружби и создавање трајни спомени преку македонски филмови. Преку можноста внуците да ги поведат своите баба и дедо на кино или пак ние да појдеме со нашите родители и повозрасни роднини, сакаме да покажеме дека сме сме тука за оние кои нè пораснаа, дека ни значат, дека сакаме да ги слушнеме и гушнеме – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, организатори на кампањата.

    Акцијата „На кино со баба и дедо“ се реализира во соработка со Кинотеката, а изборот на филмот на Димитрие Османли „Мирно лето“ за самиот почеток не е случаен. Тоа е антологиски, култен наслов, полн хумор, топлина, потсетување на семејните вредности и буди носталгија.

    • Ваквите проекти се секогаш добри, да се потсетиме дека луѓето понекогаш можат да бидат „подзаборавени“ и од самата фамилија, не само од општеството – вели филмологот Бојан Станишиќ од Кинотека.

    Кинопроекцијата в недела е бесплатна, а следното прикажување е на 14 декември во Киното „Манаки“ во Битола, по што акцијата „На кино со баба и дедо“ ќе продолжи во уште неколку градови.

    Во кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, која започна во октомври, а е планирано да трае до мај следната година,  вклучени се: училишта, градинки, домови за стари лица и пензионерски здруженија. Суштината на сите настани е меѓугенарациското поврзување: возрасните им пишуваат пораки на децата и помладите, учениците цртаат и пишуваат творби за бабите и дедовците, сите заедно ги бараат скапоцените мигови да бидат заедно, што во денешно време е сè поретко. Околу новогодишните празници, планирани се и игранки и забави во повеќе домови за стари лица и пензионерски здруженија, со цел и на оваа популација да им се овозможи забавен, социјален и културен живот. Следуваат и предавања на пензионирани експерти од различни области, креативни работилници за градинарство, готвење, рачни изработки, издавање специјализирано списание и слично. Сите активности се најавувани и се документираат на веб-страницата: www.cuvarinamudrosta.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично