ПОВЕЌЕ

    КОЊАНОВСКИ НАЈАВИ ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА инфраструктурниот бум во Битола

    Време зa читање: 2 минути

    Во гостувањето на дебатната емисија 24 Анализа на Телевизија 24, Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ најави дека Битола, под негово раководство, и во наредните четири години може да очекува продолжување на сегашниот инфраструктурен бум.

    Коњановски истакна дека донесувањето на генералниот урбанистички план, кој го започна оваа гарнитура, е решение како на инфраструктурните предизвици така и на предизвиците во животната средина, притоа тој ги посочи и двата капитални проекти со кои, како што рече тој, се дел од решенијата за справување со загадувањето, а тоа е проектот топлификација кој е во завршна фаза како и проектот пречистителна станица.

    ,,Делот на топлификацијата кој е во завршна фаза ќе воспостави 36 јавни институции да се ослободат од тврдото гориво, пречистителната станица е на потег фактички припремните работи се веќе на терен, се прават. Два проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои го решаваат во дел од загадувањето, она што го направивме е зелен катастар, многу обемна програма за енергетска ефикасност“, вели Коњановски.

    Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Коњановски потссети дека во изминативе четири години во Битола целосно се реконструирани улици во должина од 50 километри и најави дека и во наредниот мандат ќе се продолжи со истиот интензитет.

    „Во градот беше буквално инфраструктурен бум во изминативе 4 години и така ќе продолжи. Оние проекти кои ги изработивме, улици во должина од над 50 километри со комплетна реконструкција, комплетна инфраструктура, па се зафативме со два капитални проекти, влез кој никој немал храброст да го отпочне од едната страна и она другото што го планираме од страната на Охрид“, заклучи Коњановски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично