ПОВЕЌЕ

    Која фирма ”распали” нето добивка 4 милиони евра

    Време зa читање: 5 минути

    Во текот на првото полугодие од годинава почнаа полека да се чувствуваат знаци на закрепнување на глобалната економската активност, пропратено со пандемијата која несомнено придонесе тој процес да се одвива нерамномерно и ќе биде во директна корелација од ефективноста на мерките за јавното здравје и политичката поддршка.

    Глобалната челична индустрија не се очекува да претрпи драстични падови пред сè благодарение на опоравувањето на кинеската челична индустрија, додека во останатиот дел од светот побарувачката на челични производи бележи пад. Под влијание на меѓународните барања за намлување на јаглеродната емисија и најавата за воведување на данок на јаглерод во Европа, предвидувањата се дека во иднина цените на челичните производи ќе продолжат да бележат зголемување. Зголемената побарувачка, транзицијата кон позелени извори на енергија, како и порастот на цените на влезните материјали се трите основни фактори кои ќе влијаат на движењето и порастот на цените на челикот во наредниот период.

    Задвижувањето на светската економска активност, а особено повторното активирање на инвестициските проекти од страна на нашите деловни партнери на западноевропските пазари и на турскиот пазар придонесе за пораст на побарувачката на нашите производи, што внесе одредена доза на оптимизам. Благодарение на новиот начин на организација на работењето, како во делот на безбедноста така и во делот на набавките на потребните влезни материјали уште на самиот почеток на кризата, успеавме да го неутрализираме порастот на цените на суровините и енергенсите, кои неминовно влијаат на зголемувањето на трошоците на работењето. Меѓутоа, со  добра организација и координација на сите служби успеавме да ги исполниме договорните обврски.

    Макстил АД – Скопје за периодот јануари – јуни 2021 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните поединечни финансиски извештаи.

    Оствареното производство на дебели лимови во првото полугодие на 2021 во производниот погон Валавница изнесува 126.193т. што споредено со 115.465т. во истиот период на 2020 претставува зголемување од 9,3%, додека во однос на поставениот производен план за првото полугодие од годинава (130.297т.) претставува намалување од 3,1%. Оствареното производство на сопствен челичен полуфабрикат, челичански слабови во извештајниот период е 149.593т. што

    споредено со 73.646т во 2020 претставува двојно зголемување, додека во однос на планираното производство за годината (148.700т.) претставува зголемување од 0,6%.

    Реализацијата  на топловаланите дебели лимови во количински показатели за првите шест месеци од годинава изнесува 139.951т., што споредено со 122.747т. првото полугодие од минатата година претставува зголемување од 14%.

    Во извештајниот период се остварени приходи од работење во износ од 2,97 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури  98,7%. Споредено со истиот период од 2020 остварените приходи од работењето (2,22 милијарди) се повисоки за 33,7%. Покрај разликата во испорачаните количини и поповолните ценовни односи, во извештајниот период е евидентна и разлика и во структурата на испораките во полза на поголемо учество на сопствените продажби за сметка на испораките по основ на договори за преработка. Останатите деловни приходи во првото полугодие на оваа година изнесуваа 30,2 милиони денари, споредено со истиот период од минатата година кога беа во износ од 22,8 милиони денари што воглавно се должи на наплатена штета од осигурување на основни средства.

    Во првите шест месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 2,48 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваат со 95%. Споредено со истиот период во 2020 година остварените расходи од работењето  (1,99 милијарди денари) се повисоки за 25%, што воглавно се должи на зголемениот обем на производство во текот на овој период, како и зголемување на трошоците на влезните материјали и енергенси.

    Добивката пред оданочување во извештајниот период е 270 милиони денари и е повисока од остварената во првата половина од 2020, додека нето добивката изнесува 243 милиони денари и повисока од остварената за истиот период во минатата година.

    Во овој период компанијата нема извршена исплата на дивиденди по акција заради пренесени загуби од претходниот период.

    Компанијата во текот на вториот квартал ја зголеми својата кредитна задолженост кон Стопанска банка АД – Скопје во износ од 5 милиони евра за непречено финансирање на набавките на влезните материјали и енергенсите по зголемени цени, како и за тековно финансирање на зголемениот обем на производство.

    Сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на Макстил АД, во првото полугодие од 2021 година не се  променети.

    И во текот на првата половина од 2021 година реализирани се инвестициони активности за одржување во кондиционата спремност на инсталираната опрема и производните линии, како и за подобрување на безбедноста при работа во износ од 87,6 милиони денари. Макстил во текот на овој период се стекна со  право на сопственост на 108.801 м2 градежно земјште (79.201 м2 земјиште под зграда и 29.597 м2 градежно изградено земјиште). Градежното земјиште беше откупено од Македонија во соодветна постапка согласно одредбите од Законот за градежно земјиште.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично