ПОВЕЌЕ

    КОНТРОЛИНГ БИЗНИС ЦЕНТАР: На 26ти април ќе се одржи третата интернационална конференција за контролинг

    Време зa читање: 3 минути

    На 26 април ќе се одржи третата интернационална конференција за контролинг, на тема „Controller as Change Agent: Hands-on tools & benefits to the company “. Конференцијата ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин од 09:00 – 16:00, во организација на „Контролинг бизнис центар“. Пријава и информации на: [email protected] ; контакт: 389 71 334 845. 

    Темата на годинешната конференција „Controller as Change Agent: Hands-on tools & benefits to the company“ е инспирирана од неизбежната функција на контролингот во сите подрачја и области. Сведоци сме дека во последните години контролингот е најчесто дискутирана тема, се настојува негова имплементација во сите области, едукација на контролери итн., сè со цел да се подобри продуктивноста на организациите. Постигнување на деловен успех е цел речиси на сите организации без разлика дали се приватни или јавни, за тоа да се постигне потребно е да се обезбедат корисни и правовремени информации врз основа на кои управувањето со организацијата би било ефикасно и ефективно. Одговорноста на менаџментот за успехот на компанијата е сè поголем товар за топ-менаџментот во компаниите поради што во последните години голем број организации пристапија кон имплементација на контролинг-системот. Целта е да добијат поквалитетно управување со идните случувања и врз основа на информациите да добијат одговор на конкретни прашања:

    • какви се трендовските вредности и што можеме да очекуваме во иднина?
    • Во кои производи повеќе треба да се вложува, а кои производи треба да се напуштат?
    • Кои купувачи треба во иднина да се избегнуваат, кои пазари да се развиваат?
    • На кој начин компанијата да се финансира, дали и понатаму да се задолжува итн.

    Што да очекувате?

    Очекувајте извонреден настан од областа на контролинг, на кој ќе присуствуваат 8 извонредни предавачи од Хрватска, Македонија и Србија и 4 панелисти, кои ќе пренесат практични примери од својата област на работење.

    Овој настан ќе се одржи на 26 април 2023 од 09:00 – 16:00, и ќе бидат обработени различни теми од областа на контролинг во производство, малопродажба, трговија, контролинг во човечки ресурси, „Business Intelligence“ софтвер за поддршка на контролингот, анализа на KPI, креирање и анализа на менаџерски извештаи.

    Детали за конференцијата:

    • Котизација за настанот: 5.600 ден. + ДДВ, 4.500 ден. + ДДВ, за членови на ICV и

    слушатели на Академијата за контролинг.

    • За пријавени повеќе учесници од иста компанија следува дополнителен попуст!
    • Пријава и информации на:

    »»www.controlling.mk

    »»[email protected]; контакт: 389 71 334 845

    • Пристап до конференцијата ќе имаат учесници кои се регистрирале и извршиле

    уплата до наведениот рок;

    • Комуникација ќе се изведува на: македонски, хрватски и српски јазик;
    • Конференцијата ќе биде отворена 30 мин пред почетокот;
    • Презентациите од настанот ќе им бидат доставени на сите учесници, по завршување на конференцијата;
    • •Нема да биде дозволено снимање на настанот;

     

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично