1.500 душеци во вредност од над 100 илјади евра ќе им донира „Комодита Хоум“ на болниците во земјава, ковид-центрите и најзагрозените семејства. Генералниот директор, Харитон Гаџоски рече дека душеците се од висок квалитет и дека се посебна гордост на брендот бидејќи се од сопствено производство.
Директорот на Детската болница Козле, Бесник Зеќири, се заблагодари на донацијата и рече дека посакува соработката со „Комодита Хоум“ да продолжи и во иднина.
Под слоганот „Секој сон е важен“ Комодита ја почна својата хуманитарна акција, која освен Детската болница Козле, ќе ги опфати и Кардиологија, ковид-центри низ Македонија, Геријатрија, СОС-Детско село. Донација е со финансиска вредност од над 100.000 евра. „Комодита Хоум“ на македонски пазар е присутна од 2019 година, а на годишно ниво компанијата произведува над 3 милиони душеци и над 3 милиони перници.