Комерцијална банка на свое големо задоволство и оваа година има чест да биде спонзор на Годишната конференција на Македонската берза. Како една од најтранспарентните и најтргувани котирани компании на Македонската берза, Комерцијална банка е горд спонзор на овој редовен корпоративен настан.
Годишната берзанска конференција е место на кое секоја година се собираат истакнати експерти од корпоративниот свет и од пазарите на капитал, како и институционални инвеститори за да ги отворат актуелните прашања што ги засегаат пазарите на капитал.
И оваа година темите се од суштински интерес за сите што сакаат да отвораат нови можности, да се развиваат согласно европските трендови и перспективи и да напредуваат во време на динамични промени.
Поддржувајќи го напредокот, Комерцијална банка редовно ја поддржува финансиски и придонесува за успешна организација на берзанската конференција. Во духот на нашето мото „Полесно е заедно“ и со оваа поддршка помагаме за развој и успешност на еден од клучните сегменти на домашната економија.