Е-трговијата е новото време што го живеат трговците и купувачите, кое секојдневно наметнува нови и уште поголеми можности. Докажан партнер на компаниите за брз и ефикасен развој и раст на е-трговијата е Комерцијална банка со своите дигитални производи и услуги и со инвестициите во напредни дигитални алатки.
Комерцијална банка, како пионер во земјава во овозможувањето целосна понуда за онлајн продажба од компаниите, има чест да биде сребрен партнер на годишната конференција за е-трговија во земјава и да даде свој придонес за забрзување и ширење на релациите во е-трговијата на регионално ниво.
Петтата годишна конференција на тема „Ecommerce: Accelerate!“, која ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ќе се одржи на 11 ноември, има регионален карактер, а фокусот го става на можностите, промените, поврзаноста и вистинскиот успех. Имајќи ги предвид овие цели и вредности, кои се дел и од сопствениот корпоративен развој, Комерцијална банка со огромно задоволство ја поддржува Kонференцијата затоа што полесно е да се стигне заедно до посакуваните промени и успех.