ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со поддршка за инклузивниот настан „Гуш бац е љубов“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со цел да ги поддржи вредностите на љубов, разбирање и почитување, Комерцијална банка стана партнер на хуманитарниот и инклузивен настан „Гуш бац е љубов“, кој по шести пат ќе се одржи на 11 мај во Градскиот парк – Школка во Скопје.

    Настанот е во организација на Здружението на граѓани „Аутизам ААМК“, и претставува отворена платформа за промоција на различноста, рушење на предрасудите и градење општество базирано на емпатија и меѓусебна поддршка.

    „Прегратките и бакнежите се симболи на вредности кои ни значат – љубов, разбирање и почитување. Веруваме дека секој човек има право на среќа, љубов и достоинство“, велат од Комерцијална банка, истакнувајќи дека токму преку вакви настани се гради општество во кое секој е прифатен, слушнат и виден.

    Со ваквата поддршка, Банката испраќа порака дека заеднички може да се направи разлика и да се создаде подобар свет за сите, без исклучок.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично