ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со нова експозитура во Струга – модерно банкарство достапно и во Набизи ритеил парк

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка продолжува со проширување на својата мрежа – денеска официјално беше отворена новата експозитура во ритеил паркот Набизи во Струга, со што на граѓаните и деловната заедница им се овозможува уште полесен пристап до комплетната палета на банкарски услуги.

    Експозитурата е уредена според највисоките стандарди на современото банкарство и е опремена со cash-in банкомат и дигитален киоск, достапни 24 часа, седум дена во неделата. Преку нив клиентите можат брзо и едноставно да вршат готовински уплати и исплати, да плаќаат сметки за јавни услуги или да подигнат извод од трансакциска сметка – без чекање и без гужви.

    Работното време на експозитурата е од понеделник до петок, од 8 до 16 часот, а на располагање се следниве услуги:

    • Динарски и девизен платен промет
    • Менувачко работење и Western Union
    • Кредитирање физички лица и микрокредити за правни субјекти
    • Банкарски картички и ПОС терминали
    • Електронска трговија и дозволено пречекорување
    • Продажба на осигурување и удели во КБ Инвест

    Од Комерцијална банка велат дека со оваа нова локација потврдуваат дека остануваат доследни на својата стратегија за достапност, ефикасност и иновација, особено во регионите каде постои потенцијал за економски развој и зголемена побарувачка за банкарски услуги.

    „Ние не само што отвораме нови експозитури – отвораме врати за нови можности. Нашите клиенти заслужуваат современо, ефикасно и безбедно банкарско искуство, блиску до нивниот секојдневен живот“, истакнуваат од банката.

    Комерцијална банка ги поканува сите граѓани и претставници на бизнис-заедницата да ја посетат новата експозитура во Набизи ритеил паркот и да се уверат во придобивките од модерното банкарство со човечко лице.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично