ПОВЕЌЕ

    Комерцијална Банка: Предупредување за лажни СМС пораки со обид за злоупотреба на картички

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања, зад која стои лажна веб-страница која се испраќа преку СМС пораки со цел злоупотреба на финансиски податоци.

    Заштити ги твоите платежни картички од можна злоупотреба и не кликај на линк добиен преку СМС порака за наводeн „нов додаток од Влада“.

    За да се заштитиш од злоупотреба, воопшто не споделувај податоци од картичката на сомнителни страни.

    Доколку се сомневаш во можна злоупотреба на твојата картичка, веднаш треба да ја блокираш или да ги намалиш лимитите за нејзино користење преку м-БанкаИнтернет банка или со јавување на телефонскиот број (+389 2) 3247-474, кој е достапен 24/7.

    Сподели ја информацијата на сите на кои мислиш дека ќе им користи.

    Повеќе совети за безбедно користење на картичките дознај на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично