ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка повторно спонзор на фестивалот „Браќа Манаки“

    Време зa читање: 2 минути

    Tрадиционално, трета година по ред, Банката е спонзор на 41-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој заради новонастанатите услови на пандемијата предизвикана од Ковид – 19, оваа година достојно ќе се одбележи со еден централен настан во Битола, на 19 септември во Пациото на Музеј на Битола.

    Со својот интернационален карактер и атрибути на гала-настан кој ја привлекува уметничката, академската и политичката елита од нашата земја и од регионот, „Браќа Манаки“ претставува редок општествен настан кој привлекува големо внимание кај домашната, но и меѓународната филмска јавност. Наградата „Златната камера 300 за животен опус“ годинава ќе му биде доделена на двојниот оскаровец Јан Камински, кој е и најмлад досегашен добитник на оваа награда, а наградата „Големата ѕвезда на ДФРМ“, што ја доделува Друштвото на филмските работници на Република Северна Македонија, ќе му биде доделена на режисерскиот доајен Столе Попов.

    Комерцијална банка со големо задоволство застанува зад овој наш реномиран фестивал, кој со својата големина и интегритет е редок амбасадор на македонската култура. Особено оваа година во која уметноста е во незавидна положба, Банката одлучно ја пружа својата поддршка и овозможува филмската магија и натаму да блеска, низ Битола и секаде во нашата земја.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично