Комерцијална банка се погрижи Скопје повторно да ужива во квалитетна музика и во ексклузивна ликовна изложба во рамките на годинашното издание на Скопскиот градски фестивал.
Како Генерален спонзор, Банката финансиски го поддржа фестивалот, кој ќе ѝ приреди на публиката четири извонредни музички настапи на џез-музичарот Елвис Станиќ, AJS Quartet, Биља Крстиќ и Бистрик заедно со македонскиот камерен гудачки оркестар Арко и на пијанистот Бобан Мирковски. За љубителите на музиката претстои и еден несекојдневен настан – изложба на музички плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении.
Уметноста е општествениот сегмент кој не познава граници и го негува богатството на културното творештво. Токму затоа Комерцијална банка е верен поддржувач на уметничката сцена и на уметничките вредности што доаѓаат од врвни домашни и странски автори. Со задоволство придонесуваме за среќата и напредок на целокупното општество.