ПОВЕЌЕ

    Ковачки: За да продолжи развојот на Велес потребна е стабилност и тимска работа

    Време зa читање: 2 минути

    Дојдени сме овде, во срцето на Македонија  во Велес, да дадеме поддршка на град што чекори напред, што се развива и создава нова енергија. Денес зборуваме за новата реалност во Велес, за промените што велешани ги гледаат и ги чувствуваат секој ден, рече членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на вечерашниот митинг во Велес.

    Ковачки се осврна на тоа што се се менувало во Велес во изминатите 4 години.

    „Се подобруваат условите во училиштата и градинките, за нашите деца да растат, учат и напредуваат во современа и безбедна средина. Се уредуваат јавни површини, паркови и зелени појаси, каде што велешани можат да се соберат, да се дружат, да уживаат во природата и во животот. Се создаваат нови спортско-рекреативни содржини, се поддржуваат спортските клубови и младинските активности, за да се поттикне енергијата, креативноста и талентот на младите. Се вложува во развојот на локалната економија, се отвораат нови работни места, се поттикнуваат претприемачите и локалните бизниси. Велес денес е град што расте, што верува во своите луѓе, и што чекори кон иднината со сигурни чекори”, кажа Ковачки.

    Ковачки укажа дека овој успех не доаѓа сам, туку дека зад секој проект, зад секоја инвестиција стои силна поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Оваа Влада покажа дека кога централната и локалната власт работат заедно, резултатите не изостануваат. Премиерот Мицкоски повеќе пати беше тука, во Велес, меѓу граѓаните, со стопанството, со младите, затоа што верува во потенцијалот на овој град, во луѓето што создаваат и работат со срце. Владата стои зад секоја општина што покажува резултати, а Велес, под водство на господинот Марко Колев, е токму таков пример: град на работа, визија и чесност”, рече Ковачки.

    Ковачки укажа дека за да продолжи развојот потребна е стабилност и тимска работа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично