ПОВЕЌЕ

    КБ тимот повторно на пиедестал: Прво и второ место на Business Run 2025!

    Време зa читање: 2 минути

    Тимот на Комерцијална банка блескаше на годинашната трка Business Run 2025, освојувајќи прво и второ место во женска конкуренција, како и второ место во машка и во екипна категорија.

    На спортската манифестација што годинава собра над 500 учесници од 40 компании, КБ тимот во состав Снежана Димовска, Елена Димитровска, Миомир Алексовски, Маријан Шамоски и Денис Димески постигна забележителен успех, демонстрирајќи тимски дух, истрајност и спортска подготвеност.

    Најдобри резултати остварија:

    • Снежана Димовска – апсолутна победничка во женска конкуренција;

    • Елена Димитровска – второ место со одличен настап;

    • Миомир Алексовски – второпласиран во машка конкуренција.

    Од Комерцијална банка упатија честитки до целиот тим за, како што посочуваат, „вистинскиот натпреварувачки дух со кој ја претставуваат Банката со енергија и гордост“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично