ПОВЕЌЕ

    Касис најавува јубилејна 2026: Сајбер безбедноста станува прашање на национална инфраструктура

    Време зa читање: 2 минути

    Додека светот се движи кон целосно дигитални плаќања, довербата станува најскапата валута. Во пресрет на јубилејната 25-та година од постоењето, Касис АД Скопје на The Economist MeetUp – Светот во 2026та ќе ја претстави визијата за безбедноста на плаќањата како стратешки императив.

    Филомена Пљаковска Аспровска, Главен извршен директор, истакнува дека во 2026 година „сајбер безбедноста веќе не е само техничко прашање, туку прашање на национална инфраструктура и економска стабилност“.

    Бројки што обврзуваат

    Како единствен процесор за трансакции и персонализација на картички во земјава, КаСис процесира околу 2,5 милиони трансакции месечно и управува со над 2,3 милиони платежни картички. Овие бројки, според Пљаковска Аспровска, не се само статистика, туку мерка за довербата што клиентите ја даваат секој ден.

    Иднината е невидлива, но безбедна

    На настанот ќе се дискутира за трендовите каде дигиталните плаќања стануваат „речиси невидливи“ за корисникот (embedded finance), што бара уште повисоки стандарди за заштита. КаСис ќе презентира како преку ISO 27001, ISO 20000 и PCI DSS сертификатите гарантираат дека секоја трансакција е заштитена.

    „Во јубилејната година фокусот ни е на инвестирање во тимот. Технологијата е важна, но луѓето се пресудни. Горда сум што имаме генерации колеги кои се изградија во компанијата,“ заклучува Пљаковска Аспровска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично