ПОВЕЌЕ

    Канабисот станува мејнстрим, акциите на компаниите скокнаа преку ноќ

    Време зa читање: 2 минути

    Во пет други сојузни држави на САД се укинати ограничувањата кога станува збор за продажба на марихуана, така што сега 44 држави ја поддржуваат употребата на ова растение во медицински и рекреативни цели.

    Тие земји се Аризона, Мисисипи, Монтана, ЊуЏерси и Јужна Дакота. Тековните информации автоматски се рефлектираат во постапките. Градоначалникот на Њујорк рече дека следната година државата ќе се обиде да ја легализира употребата на марихуана за рекреативни цели. Aurora Cannabis Inc., Tilray Inc. i Aphria Inc. веднаш ги дуплираа своите добивки.

    Првата од овие компании забележа скок на акциите од 40 проценти, втората напредуваше за 33 проценти, а третата – која работи главно во Канада – забележа раст на акциите од 14 проценти. ETFMG Alternative Harvest, фонд со кој се тргува со берза, напредуваше за 11%, најголем дневен скок од 26 март.

    Сепак, ова е сè уште далеку од растот на Фондот 2018, кој оттогаш падна за 70%. И покрај зголемената поддршка за канабисот во САД, таа тема сè уште не е главната „на маса“ кога станува збор за легализација на федерално ниво. Сè на сè, овие денови, кога течат изборите во САД и неизвесна е ситуацијата околу победникот, Американците масовно купуваа марихуана, алкохол и пица.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично