Отвореното комуницирање со вработените, препознавањето на добро завршената работа и давањето простор за раст значително ќе го подобри нивниот ангажман и патеката по која треба да се движи една компанија.
Каква разлика би направила една компанија која може да го предизвика секој од вработените да решава проблеми, да дава препораки, да ги изразува своите нови идеи и да се грижи за клиентите? Одговорот е едноставен – неизмерно многу.
Секоја компанија денес има потреба од вработени кои се ентузијасти и кои го даваат најдоброто од себе на работа. На компаниите им е потребно тоа не само од најдобрите вработени, туку и од секој вработен, за да бидат конкурентни на пазарот, да опстанат, да напредуваат.
Единствениот елемент што ја разликува една компанија од друга, повеќе од било што друго се луѓето и напорот што го вложуваат.
Поврзувањето на вработените е повеќе од обичен социјален ангажман. Тоа е заедничка визија, мисија и вредности на една компанија. Поврзувањето на вработените создава компаниска култура која не само што е инклузивна, туку и обезбедува вистинско чувство на припадност и промовира прогресивни идеи, иновации, а со тоа и раст на бизнисот.
Таквата компаниска култура е заразна и развива вработени кои уживаат во својата работа, пристапуваат кон работата со итност, ентузијазам и на проактивен начин.
Како се создава една таква работна сила? Првиот чекор е да се проценат нивоата на поврзаност на вработените едни со други, како и со вашиот бизнис. Тоа може да се дознае доколку одговорите на следните прашања:
- Дали вашите вработени одат над своите можности и чекор подалеку за да им помогнат на своите соработници?
- Дали се тука еден за друг и си помагаат?
- Дали вашите вработени се посветени на компанијата и го имаат на ум нејзиниот најдобар интерес?
- Дали вашите вработени се трудат да се подобрат себеси и да го подобрат својот квалитет на работа?
Компаниите сè повеќе се свесни за важноста на тоа да имаат добра организациска клима, задоволни и ангажирани вработени, кои со страст и ентузијазам ќе ја извршуваат својата работа. Во овој контекст се повеќе компании преку посебно креирани анкети го осознаваат мислењето на своите вработени за организациската клима, нивното задоволство и нивниот ангажман.
Во Сава пензиско друштво направивме вакво истражување од кое произлегоа одлични резултати од кои може да се заклучи дека:
- Во однос на организациската клима, вработените меѓусебно си помагаат во заедничкото создавање и се задоволни од работната средина, а просечната оценка согласно утврдената анкета е 4,21 (на скала од 1 до 5);
- Во однос на задоволство на вработените, тие се изјаснуваат дека се целосно задоволни од нивната моментална работа, па така утврдената просечна оценка изнесува 4,32 (на скала од 1 до 5);
- Дури 75% од анкетираните вработени се изјасниле дека својата работа ја извршуваат енергично и со страст, што значи дека имаме висок процент на ангажирани вработени. Куриозитет во резултатите од нашето истражување е дека неангажирани вработени нема, односно ниту еден наш вработен не изразува незадоволство од извршување на работата.
Резултатите кои ги добивме во нашето мерење се споредуваат со индекси и просечни резултати на група компании и со задоволство можевме да констатираме дека оценките кои ги даваат нашите вработени се значително повисоки, што ја позиционира нашата компанија како компанија со добра организациска клима и задоволство на вработените.