Кога зборуваме за сајбер-напади не зборуваме за ништо ново. Тие се веќе присутни неколку децении. Зошто тогаш банките имаат потреба да инвестираат ресурси за подобро да се справат со нив?
Што се тоа сајбер-напади?
Сајбер-нападите претставуваат обиди на компјутерски криминалци да пристапат, да менуваат или да го оштетат сигурносниот систем, со цел да превземат и променат приватни податоци.
Банкарската индустрија отсекогаш била подложна на напад. Овие операции за компјутерски напади најчесто се прават преку таканеречени „фишинг” напади со користење на софтвер кој е наменет за таа цел.
Иако сите банки се таргетирани од компјутерските криминалци, поголемите имиња се сметаат за поатрактивни, бидејќи еден напад потенцијално може да доведе до сериозна финансиска добивка заради видот на информации што можат да се добијат, како што се кредитните картички и деталите за банкарската сметка.
Зошто сајбербезбедноста денес претставува поголем проблем?
Повеќето банки низ целиот свет не се запознаени со најновите можности за злоупотреба и напади. Имено, во 2016 година, напад на банка во Бангладеш резултираше со загуба од 81 милиони долари за само неколку часа. Над една четвртина од глобалните сајбер-напади се насочени кон банките. Сајбер-криминалците ги таргетираат банките затоа што нивните податоци се повеќе вредни.
Сето ова значи дека банките сега ја гледаат безбедноста на интернет како највисок приоритет за 2020 година. Потенцијалната штета од сајбер-напади се протега подалеку од само крадење пари од сметки на клиентите и пристап до податоци за истите. Станува збор и за нарушување на нивниот углед и угледот на нивните клиенти.
Напаѓачите, потпомогнати од технологијата неуморно работат на нови начини за напад на системи и мрежи, додека голем дел од банкарската индустрија продолжува да се потпира на застарена безбедносна инфраструктура.
Како можат банките најдобро да се справат со сајбер-нападите?
Потребно е да се развијат стратегии кои ќе бидат повеќе предвидливи отколку реактивни. Со други зборови, превенцијата е подобра од лекувањето. Банките треба да ги зајакнат и подобро заштитат пристапите кон компјутерската инфраструктура. Превентивните мерки што веќе се користат вклучуваат заштитна идентификација, антивирусни апликации и скенирање на слаби точки. Сепак, одбраната може да се зајакне со спроведување на други мерки предводени од разузнавање, како што е употребата на вештачка интелигенција и зајакнување на методите за автентикација преку биометриски најави. Еден пример е употребата на отпечатоци од прсти за да се проверат плаќањата од дигитални паричници како што се Apple Pay или Google Pay.
Организациите мора да бидат проактивни во спроведувањето и тестирањето на нивната компјутерска одбрана и да учат од стратегиите што ги користат другите даватели на услуги од други индустрии. Бидејќи светот станува се повеќе дигитален, безбедносните мерки треба да бидат посложени и софистицирани од било кога.