ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на НЛБ Банка за периодот што следи

    Време зa читање: 3 минути

    Како резултат на негативните ефекти од КОВИД-19 пандемијата македонската економија во 2020 година оствари годишен пад на БДП од -4,5% по солидниот раст од 3,2% во 2019 година. Падот на економијата беше во согласност со очекувањата, а условен од падот на домашната потрошувачка, која пак директно беше поврзана со мерките за ограничување и надворешното окружување. Нарушувањата кај глобалните канали на снабдување имаа значително влијание врз индустријата и извозно ориентираното производство, особено во вториот квартал од 2020 година по воведувањето на вонредната состојба во земјата како резултат на пандемијата КОВИД-19 и мерките преземени за здравствена заштита од страна на Владата на Република C. Македонија.

    Согласно најновите предвидувања од домашните и странските институции макроекономскиот изглед на среден рок е позитивен но сепак условен од високи негативни ризици кои произлегуваат од неизвесноста за времетраењето на пандемијата и покрај оптимистичките најави за вакцинација. Оттука, земајќи ги во предвид проекциите за економски раст, 2021 година ќе биде година на економско заздравување, при што се очекува македонската економија да оствари позитивен раст кој би се движел помеѓу 3,6%-4,1%, при очекувано закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4,9% од БДП на крајот на 2021 година, но дополнителната државна помош на населението и компаниите најавени во 2021 година, ќе реализираат повисок буџетски дефицит.

    Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции. Банката редовно превзема мерки за заштита на своите клиенти и нуди најоптималните решенија, а како современа и креативна банка, ги следи светските технолошки трендови, истовремено насочувајќи ги своите ресурси кон позитивните придобивки од кризата како што се забрзаната дигитализација и развојот на нови бизниси, проследено со континуирано унапредување на банкарските процеси.

    Истовремено, Банката ќе се стреми кон одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република С.Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично