Во ред, за парите. Не постои универзална вистина, освен ентропијата, еден од најосновните принципи на кој што функционира универзумот. Се сведува на тоа кој плаќа за ентропијата. Евентуално све се распаднува, потребна е постојана работа (која што извира од знаењето) дури и да се одржи тоа што го имаме, а дополнително на тоа за да се создаде ново (прогрес, знаењето уште повеќе е потребно).
Луѓето треба да се ослободат од стегите на емоциите кои што извираат од злоупотребата на парите од политичарите (владите). Тогаш можеби ќе увидат дека е апсурдно да се промовира логиката дека не треба да има инфлација. Тие што веруваат во златото или пак криптото, мислат дека треба да бидат наградени само поради тоа што ги чувале парите цело време во таа форма. Додека други треба да плаќаат преку обезвреднување на тоа во кое што тие инвестирале и одржува/создава вредност, и што дополнително инволвира и ризик, и работа, и најбитното, знаење. Растот на платите базиран на знаење и работа ја надминува инфлацијата, и не е последица од истата.
Ова не е разбрано од мнозинството луѓе, вклучувајќи доста интелигентни и со добри намери. Не е идејата некој да се обезвреднува, но стравот од постојаната злоупотреба на системот од политичарите (оправдан е тој страв) ги надвладува и им ја искривува сликата за парите. Стравот е тој што причинува луѓето да делуваат ирационално, тука вклучувајќи ги и марксистите. Тој страв извира примарно од незнаењето. Да, патот до знаењето не е воопшто лесен.
Затоа во економско/финансиската програма (која што досега не е разбрана) има предвидено укинување на долгот, воедно намалување/укинување на директните даноци, и оставање на индиректните даноци. Дури би било уште подобро укинување на сите даноци, и буквално да се печатат нови пари за трошоците на владата (без паника тие што се за злато или крипто).
Но, не влада во сегашна форма, и не влада со вечни политичари, а влада со трошење под 5% од БДП-то. Што би се добило со ова, СЛОБОДА. Кога луѓето се слободни да работат и да не бидат рекетирани од политичарите и администрацијата, тогаш ќе се има вистински економски раст. Кога не се работи и кога ќе се потрошат туѓите пари (задолжувањата) ентропијата ќе си го направи своето. И затоа комунизмот и социјализмот СЕКОГАШ водат кон сиромаштија и пропаѓаат.
Во периодот после времето на Реган и Тачер, а излегува веќе на отворено после 2008, дефлационите сили (намален економски раст) ги маскираат инфлационите мерки од политичарите (зголемување на нивниот рекет, даноците), помогнато со долговите на владите кои што постојано се зголемуваат. Се до моментот кога колапсот ќе стане очигледен за мнозинството. И тоа е моментот што се кажува кога дефлацијата ќе сврти на инфлација, кога мнозинството ќе ја изгуби довербата во валутата (соодветно во своите земји, и не сите во исто време). Конкретно пример во Југославија тоа беше во 1983 кога тогашната влада банкротира, па мораше да се девалвира динарот, и автоматски инфлацијата стана очигледна, не можеше веќе да се сокрива.
Или поинаку кажано, дефлацијата е таа лошата, а не инфлацијата. Што ќе ти значат намалените цени (зголемена куповна моќ на парите), ако немаш пари, или помалку имаш. Бидејќи немаш работа, дефлација (намален економски раст). Ако не се работи доволно (исто или повеќе од тоа што се троши), инфлацијата (ентропијата), засилена со зголемените давачки кон политичарите, ќе си го направи своето.
Еден ден кога ќе му дојде крај на ова време на тиранија (да се надеваме без војна, барем не глобална), треба да ЗНАЕМЕ што треба. За да се роди нов свет во кој што политичарите (владите) нема да имаат контрола над парите, и воопшто нема да ја имаат сегашната моќ. Тоа значи свет без комунизам/социјализам, слободен свет, капитализам.
Автор: Јованчо Спироски
*Колумните се лични ставови на авторите и Пари се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.