ПОВЕЌЕ

    Имлек Протеин со поддршка на 11 000 учесници на Виз Ер маратонот

    Време зa читање: 2 минути

    Имлек Протеин даде своја поддршка на еден од најголемите спортски настани овој викенд. На Виз Ер Скопски маратон, што се одржа во неделата на 1 октомври, истрчаа 11 000 маратонци, полумаратонци и рекреативци, а Имлек Протеин беше нивни поддржувач. Дополнително имаше поставено и зона за забава за сите присутни, со разни реквизити за бодрење, игри како скок во височина и тркало на среќата, подароци, релаксација и обновување на енергијата на учесниците на трката со оптимална доза Имлек протеински шејк, а за навивачите и поддржувачите беше идеално место за бодрење и дружење.

    Присуството на Имлек Протеин на овој спортски настан е поради исклучителното значење за снабдувањето на телото со протеини кои се потребни за градење и регенерирање на ткивата по завршување на спортска активност. Конкретно по трчање, мускулите се исцрпени, па неопходно е да се внесе доволна доза протеин како основа за градење здрава мускулна маса.

    Имлек Протеин не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање на Имлек Протеин 300мл се добива загарантирана доза од 30 грама 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса: чоколадо, ванила и јагода, и Имлек Протеин чоколада во пакување од 500 мл, но и како пудинг во три варијанти: чоколадо, ванила и солена карамела.

    Виз Ер Скопски маратон годинава се одржа по 19ти пат. Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска атлетика и е дел од квалификациските трки за Светско првенство во старосни категории, под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, кое ќе се одржи во Чикаго на 8 октомври 2023 година. Учесниците љубители на спортот и трчањето се натпреваруваа во четири категории: Маратон, Полумаратон, Штафетен маратон и трка од 5км.

    Имлек Протеин беше омилен протеински пијалак и на осум други трки оваа година. Продолжуваме со поддршката и најавуваме забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.

    Комерцијален текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично