ПОВЕЌЕ

    Иван Туџаров веќе не е управител на „Реплек фарм“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Постапувајќи согласно законските обврски предвидени во Законот за хартии од вредност, како и врз основа Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, РЕПЛЕК АД Скопје објавува дека во Друштвото за фармацевтско хемиски производи РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ Скопје (Друштво основано од РЕПЛЕК АД Скопје) е извршена промена на Управителот.

    – Управителот на „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје, Иван Туџаров, поради приватни причини дава оставка од позицијата управител на Друштвото за фармацевтско-хемиски производи „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје. Согласно со Одлуката за избор на управител на „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје донесена на седницата на УО на „Реплек“ АД Скопје, одржана на 8 јули, со која за управител на Друштвото „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје, се именува Цане Талевски (досегашен помошник генерален директор на „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје). Промената е извршена во Централен регистар на РСМ – објави Берзата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично