Годинава за државна поддршка аплицирале 432 компании со нови инвестициски проекти, информираа од Владата. ше за на исто толку компании. На денешната тематска седница, по Законот за финансиска поддршка на инвестиции е одобрена првата група од 82 договори, а останатите се во процес на евалуација и ќе бидат завршени во текот на следните недели.
Според интересот од компаните изразен преку бројот на апликации, кој годинава е рекорден, од Владата заклучуваат дека расте довербата на бизнисот во институциите.
„Напорите на оваа Влада за креирање партнерски однос и предвидлива економија вродува со плод.
Овие 82 компании, чии договори за поддршка на инвестиции преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, беа денеска одобрени од Владата, креираат нови и добро платени работни места. Само во првата инвестициска 2022 година тие имаат отворено 233 нови работни места, а до крајот на инвестициските циклуси, само овие 82 компании ќе отворат 818 нови работни места.
Инвестициите кои овие компании ги прават се исклучително важни во овој период на закрепнување од кризата. Нивните инвестиции укажуваат на агилноста и отпорноста на компаниите, како и можностите во нашата домашна економија“, наведено е во владиното соопштение.
Исто така, се посочува дека тие 82 компании во првата инвестициска 2022 година инвестирале 30,8 милиони евра, а до крајот на инвестициските циклуси ќе инвестираат 67,5 милиони евра.
Компаниите се распределени во сите плански региони: Вардарски – 5 компании, Источен – 10 компании, Југоисточен – 16 компании, Југозападен – 6 компании, Пелагониски – 16 компании, Полошки – 9 компании, Североисточен – 5 компании и Скопски регион – 15 компании.
Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во изминатите шест години од неговото воведување во 2017 склучени се договори за поддршка со 630 компании, кои се опслужуваат од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања како one – stop shop.