ПОВЕЌЕ

    Започнува првиот годишен Самит на тема „Нови перспективи за женско претприемништво“

    Време зa читање: 2 минути

    Започнува првиот годишен Самит на тема „Нови перспективи за женско претприемништво“ во организација на Националната платформа за женско претприемништво, и истиот ќе трае два дена.

    Настанот се одржува во хотелот „Александар Палас“ каде за прв пат ќе бидат доделени и награди за најуспешни жени претприемачки, кои ги доделува Министерството за економија како институционален покровител на настанот.

    Исто така, Националната платформа ќе додели и две награди за најуспешна млада лидерка и најуспешна граѓанска организација-добри практики.

    Во рамките на Самитот ќе се одржат три панел дискусии со меѓународно учество, на кои еминентни имиња од сферата на женското претприемништво ќе дискутираат на актуелни теми. Ќе бидат организирани и бизнис средби меѓу жени-претприемнички, како и работилници на теми за финансиските можности на жените во бизнис светот.

    На отворање на Самитот, свое обраќање ќе имаат вицепремиерот Фатмир Битиќи, заменик шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија Џулиан Васало, министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и претседателката на Националната платформа за женско претприемништво Валентина Дисоска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично