ПОВЕЌЕ

    Започна со работа првиот приватен ветерен парк во Македонија „Богословец“ финансиран и од Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Фото Kreatif

     

    Првиот приватен ветерен парк во Македонија, „Богословец“ денеска беше свечено пуштен во работа и годишно ќе обезбедува електрична енергија за над 20.000 домаќинства.

    Комерцијална банка обезбеди 13,4 милиони eвра за изградба на ветерната централа. Вкупната инвестиција е вредна 61 милион евра и беше финансиски поддржана преку синдициран кредит во вредност од 51 милион евра, обезбеден од Ерсте груп, Комерцијална банка, НЛБ банка, Шпаркасе банка и од Развојната банка на Република Австрија (ОеЕБ).

    Зад инвестицијата во ветерниот парк, кој има капацитет од 36 MW, стои компанијата THOR Impex. Ветерниот парк се наоѓа 80 километри југоисточно од Скопје, во близина на селото Богословец и располага со осум ветерни турбини.

    Комерцијална банка е горда како значаен финансиер на овој проект затоа што „Богословец“ треба значително да го подобри капацитетот за обновлива енергија на Македонија во насока на достигнување на националната цел од 50% обновлива енергија до 2030 година. Банката во континуитет обезбедува финансиска поддршка за „зелени“ проекти, а и во своето работење имплементира низа практики и процеси кои значат одржлив, развоен и одговорен бизнис.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично