ПОВЕЌЕ

    Експозитурата на Комерцијална банка во Гевгелија ќе се реновира, шалтерите ќе работат во соседниот објект

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка АД Скопје ги известува клиентите дека од 30 октомври 2023 година експозитурата во Гевгелија ќе се реновира, а шалтерите ќе продолжат со работа во простор во непосредна близина на експозитурата. На 27 октомври експозитурата ќе работи до 14 часот.

    Од 30 октомври, клиентите ќе можат привремено да ги користат услугите на Банката на истата адреса, во истиот објект, во деловниот простор кој се наоѓа дијагонално од постојната експозитура. Банкоматот во експозитурата за време на реновирањето ќе биде надвор од функција.

    Секако, клиентите ги имаат на располагање останатите банкомати на Комерцијална банка во Гевгелија, а своите финансиски трансакции може да ги извршат и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка, KomPay, Google Pay и Garmin Pay, кои им се на располагање 24/7.

    Клиентите ќе бидат навремено известени за отворањето на модернизираната експозитура, во која ќе добијат не само широка палета на производи и услуги, туку и подобрено корисничко искуство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично