Комерцијална банка АД Скопје ги известува клиентите дека Експозитурата во Струга е привремено затворена поради санирање штети настанати од пожар. По санирање на штетите, експозитурата повторно ќе биде отворена.
За подигнување готовина на клиентите во Струга им се на располагање банкоматите лоцирани на Кејот и во хотел Макпетрол, a секако своите банкарски трансакции може да ги извршуваат и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и KomPay, кои им се на располагање 24/7.