ПОВЕЌЕ

    ЕКСКЛУЗИВНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ FLEX PAY И RIA MONEY TRANSFER – Брзи и сигурни парични трансфери сега достапни во FLEX PAY и филијалите на FLEX CREDIT

    Време зa читање: 2 минути

    Flex Pay потпиша ексклузивен договор за соработка со Capital transfer doo претставник на Ria Money Transfer, една од водечките глобални мрежи за парични трансфери.

    Со потпишувањето на овој договор, клиентите сега ќе можат да испраќаат и примаат пари преку Ria – една од најбрзорастечките мрежи за парични трансфери во светот, присутна во над 190 земји и со повеќе од 500.000 локации глобално.

    Услугата ќе биде достапна преку Flex Pay, а активностите за исплата и уплата ќе се реализираат во филијалите на Flex Credit, со што се овозможува максимална достапност и практичност за граѓаните низ целата држава преку широко распространета продажна мрежа.

    „Со оваа соработка Flex Credit овозможува уште поголема практичност за своите клиенти. Ria е глобално препознатливо име во трансферот на пари, а Flex Pay преку ексклузивно партнерство како единствена финансиска институција која ја застапува RIA ги носи нивните услуги директно до клиентите низ цела Македонија,“

    Оваа стратешка соработка претставува чекор напред во дигиталната трансформација на услугите кои ги нуди Flex Групацијата, со што на клиентите им се нуди едноставно, брзо и безбедно решение за испраќање и примање средства од странство.

    Мисијата на Ria е да ги поврзува семејствата низ целиот свет на сигурен и достапен начин. Преку ова партнерство со Flex Pay, ќе бидат уште поблиску до корисниците – токму таму каде што им е најпотребно.

    Со оваа ексклузивна соработка, Flex Pay ја зацврстува својата позиција како нов клучен играч во финтек сегментот, а Flex Credit ја проширува својата улога како најдостапна и доверлива финансиска мрежа во земјата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично