ПОВЕЌЕ

    Економски бенефити од легализација на канабис

    Време зa читање: 5 минути

    Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА кое го претставувам и чив втор претседател сум се залага за целосна легализација на канабис. Целосна легализација која би довела до дестигматизација на уживателите, легален пристап до квалитетен канабис на пациентите и прекин на нивниот прогон и економски бенефит за производителите, државата и граѓаните.

    Како активисти економскиот бенефит ни е добредојден, но за нас е секогаш секуднарен. Но тоа не значи дека за него не се залагаме  и дека е занемарлив. Во овој момент сум член на работна група при Влада на Република Македонија која работи на либерализација на легислативата поврзана со канабис, меѓудругото и овозможување соодветни услови за економски придобивки од легализацијата на канабисот.

    Не е тајна дека легализацијата на канабисот се повеќе зема замав и станува светски тренд. Моделите се различни а ние треба да го најдеме оној кој нам најмногу ќе ни одговара. Тука треба да си го поставиме прашањето што сакаме? Прекин на кривичен прогон, туризам базиран на канабис, развој на канабис индустријата каде платите се натпросечни или можеби сите три?

    Доколку сакаме да развиваме туризам базиран на слободно  консумирање канабис, тогаш би требало да се примени микс од чешко- холандски модел. Дозволено консумирање во кофишопови или на строго посочени јавни места- пример одредени паркови. И тука не треба да се таргетира само директниот приход од продажба на канабисот и акцизата и арачот кои државата би ги собрала. Секој наплив на туристи носи директен бенефит и за хотелска индустрија, транспорт, угостителски објекти, ноќни клубови итн.

    Многу е тешко да се предвиди колкава би била годишната добивка од легализација на канабисот бидејки тоа пред се зависи од моделот кој би се применил. Премиерот Заев најави износ од сто милиони евра годишно, а јас би одел и повисоко, но не со сегашниот модел на повластени лиценци  за супер богатите. БИЛКА се залага за создавање услови за развиток на микро и семејни фирми како и задолжителна инклузија на македонскиот земјоделец.

    Сто и педесет илјади луѓе во Македонија се занимаваат со земјоделство. Оваа земја цели да влезе во ЕУ а таму субвенции се екстремна реткост и тоа по екстремна процедура. Оваа држава треба да се запраша што со тие луѓе откако ќе влеземе во  ЕУ. Зашто не би се преорентирале кон гаење на индустриски коноп, кога објективно медицинскиот канабис подразбира високи услови, а за рекреативниот предалгаме секој да има можност сам да го одгледува.

    Таканаречените кофишопови за кои се залага премиерот се коректен предлог, но како активисти сме секогаш претпазливи. Заев тврди дека за сите да добијат лиценцна ќе бидат исти условите. Ок, и за фабрики за меидицнски канабис се исти условите, ама тие услови подразбираат најмалку милион евра а колку луѓе во Македонија имаат таква можност сите добро знаеме. Во однос на нови работни места, очекувањата се преголеми од кофишопови затоа што потенцијално ќе отворат и нула нови работни места. Постоечки локали едноставно ќе се преорентираат. Но ќе има можност за сериозен ќеш, за евентуално шака одбрани луѓе.

    Тоа не води до цената на малопродажнот канабис. Владата најавува посебен данок за фирмите, кој ќе оди во посебен фонд за ретки болести со што јас не се сложувам. И предлогот е интенционално перфиден. Демек ако не сте за, вие сте против луѓето со ретки болести. Со максимална почит кон тие луѓе, легализација на канабис има приамрна цел да обезбеди легален канабис за пациенти и да го ерадицира црниот пазар. Ако ние го оптовариме канабсот со превисоко ДДВ или акциза, црниот пазар не само што нема да згасне, туку и ќе проасне бидејки уживањето легален канабис ќе биде привилегија само за богатите а таквите се огромно малцинство во Републикава.

    Македонија беше само втора земја во 2015-2016 година, веднаш после Хрватска која легализираше медицински канабис. Шест години подоцна состојбата е очајна, има седумдесетина фирми од кои 98 проценти извозно ориентирани, кои работат со загуба поради лоши државни политики, нема легален канабис на пазарот, црниот пазар се зголеми бидејки државата сега признава дека има лечебни ефекти а не овозможува пристап до квалитетен легален канабис. Прогонот продолжува на најсуров можен начин.

    Само треба да се погледнат дел од бројките во САД и состојбата е јасна. Медицинските бенефити, остварувањето на човековите права и економскиот аир се тука само треба да бидеме мудри и а не дозволиме политичарите да не превеслаат жедни преку вода. Колорадо (сојузна земја со само двојно население од Македонија) само во Февруари и Март годинава заработи 374 милиони долари, споредено со безмалку двесте милиони за истите два месеца лани. Ние и четвртина да заработиме со вистински модел, би оствариле фантастичен успех.

    Сојузната држава Илионис исто така не премногу поголема од Македонија која го легализираше и рекреативниот канабс во Јанауари лани за 2020та година заработи над една милијарда долари, од кои 669 милиони од продажба на канабис за рекреативна употреба и 366 милиони од продажба на ланабис за медиицнска употреба.

    Не сум љубител на копи пејстирање. Секоја земја си има специфиченм систем. Затоа сметам дека за Македонија, од економски аспект  е важно олабавување на строгите услоци за добивање лиценца, создавање на предуслови за иунклузија на мали и микро претпријатија, некои и на семејно ниво, дозвола да се подели индустријата(на пример една микро фирма да одгледува растенија само до одредена фаза од растењето и така да ги продава, друга да се занимава само со семиња итн) инклузија на македонскиот земјоделец, релативно лабави услови за лиценца зa кофишопови и строgо определени јавни места каде истата би се консумирала вон кофишоповите. Целосна легализација СЕГА!

    Автор на текстот: Адвокат м-р Јанаки Митровски

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично