ПОВЕЌЕ

    Д-р Владимир Ефтимоски реизбран за прв човек на Стопанска Банка Битола

    Време зa читање: 2 минути

    Д-р Владимир Ефтимоски повторно е избран за претседател и член на Управниот одобор на Стопанска банка а.д. Битола, а Наташа Несторовска е реизбрана како член на Одборот, соопшти банката преку Македонска берза.

    Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-15308/1/II-3 од 20.9.2021 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка на Република Македонија бр. 15-28763/13 од 10.12.2021 година, за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е назначен д-р Владимир Ефтимоски.

    Истовремено, известуваме дека врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-15308/1/II-6 од 20.9.2021 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна Банка на Република Македонија бр. 15-28457/5 од 10.12.2021 година, за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е назначена д-р Наташа Несторовска.

    Ефтимоски и Несторовска ги избра Надзорниот одбор, а по согласност и на Народната банка.

    Ефтимоски на оваа позиција е од 2013 година односно веќе осум години. Тој има повеќегодишно искуство во банкарскиот систем во земјава. Важи за одличен познавач на финансиските текови. Минатата година, од банката информираа дека престижен финансиски магазин ,,Finance Central Europe“ му ја додели наградата ,,Најдобар банкар во Република Македонија за 2020 година“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично