ПОВЕЌЕ

    Достоинството на лозарите е урнато, порача Филипче од Кавадарци

    Време зa читање: 3 минути

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерашната трибина од Кавадарци потенцираше дека достоинството на земјоделците и лозарите е срушена поради неспособноста и погрешните политики на власта.

    „Тиквешијата страда од оваа власт. Ако има еден сектор кој беше урнат целосно во изминатата година, тоа е земјоделието. Неспособноста на Мицкоски и Трипуновски го урна достоинството на земјоделците, но најмногу на лозарите. СДСМ и јас лично се заложивме да помогнеме, предложивме конкретни мерки и закони, но власта ги одби. Одби затоа што оваа влада не се грижи за обичниот човек, за работникот, за оној кој произведува, се грижи само за крупниот бизнис. Но и таму не им оди работата, затоа што индустријата слабее и инвестициите паѓаат“, рече Филипче.

    Тој рече дека СДСМ предложи и укинување на одредбата која овозможува винариите да ја намалат цената за 8% доколу лозарите побараат брза исплата. Но и оваа мерка не била прифатена.

    Филипче зборуваше и дека во државата има најмногу недостиг на правда.

    „Ако има нешто што денес најмногу недостасува во оваа држава, тоа е правдата. Мицкоски ветуваше ‘нова ера на правда’. Ветуваше реформи, ветуваше непристрасно судство – и јас реков: добро. Да му помогнам на премиерот, ќе одам на лидерска средба за да се договориме да го реформираме судството. Па кој грешел – нека одговара. Тоа го бараат граѓаните“, истакна Филипче.

    Тој потенцираше дека Мицкоски не сака независно судство, туку сопствено судство под партиска контрола и секој ден се заканува – „ќе видите после изборите“. Па порача: „Мицкоски, време е да разбереш никој повеќе не се плаши. Стравот од вакви како тебе е победен многу одамна, уште кога го пензиониравме твојот ментор. Твоите закани не се израз на сила, туку на слабост и страв. Твојот глас трепери, не затоа што си моќен, туку затоа што си уплашен“.

    Филипче го нарече „срамен“ предлогот на владата да се оданочат со 18 отсто ДДВ пратките помали од 20 евра. „Денес имаме нов ‘успех’. Замислете, владата решила да ги оданочува пратките од странство, оние до 20 евра. Она што луѓето можеа евтино да си го купат на интернет, веќе нема да биде евтино. Во држава во која 40 отсто е сива економија, во која се соголува народот со даноци за кои граѓаните не ги добиваат соодветните услуги, сега се воведува нов данок на евтини производи од интернет. Ова било приоритет за владата. Срамно“, рече Филипче.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично