ПОВЕЌЕ

    ДОМ: Поддршка за работниците – потребни се системски решенија и правични плати

    Време зa читање: 2 минути
    Демократската обнова на Македонија (ДОМ) изразува поддршка за барањата на синдикатите за зголемување на минималната плата, но укажува дека за вистинско подобрување на стандардот, ад-хок решенијата мора да бидат заменети со целосен, праведен и одржлив систем.
    Веруваме дека борбата за работничките права треба да се темели на издржани решенија кои ќе значат достоинство за секој работник. Затоа, ДОМ се залага за:
    – Правилна распределба на буџетските средства: наместо на непродуктивни трошоци, буџетот мора стратешки да се насочи кон поддршка на работниците, но и работодавачите. Со наменска распределба на буџетските средства преку соодветни програми барањето на синдикатите за минимална плата од 600 евра станува реално остварлива и економски одржлива основа за подостоинствен живот.
    – Воведување јасни мерит критериуми: платите не смеат да зависат од политичка волја, туку од стручноста, одговорноста и ефикасноста. Системот мора да ги препознае и соодветно да ги вреднува професионалците според нивните квалификации, ангажираност и остварени резултати.
    – Усогласеност на систематизациите на државно ниво: итно е потребна унификација и усогласеност на систематизациите на работните места во јавниот сектор. Недозволиво е за исти работни задачи и исто ниво на одговорност да постојат различни примања. Бараме „иста плата за иста работа” во сите институции.
    – Системско решение наместо парцијални договори: Бараме долгорочен модел на раст на платите кој ќе ја следи вредноста на потрошувачката кошничка, со што ќе се осигура трајна заштита на куповната моќ на граѓаните.
    Како зелена партија, сметаме дека социјалната правда и економската сигурност се предуслов за напредокот на целото општество. Без праведно вреднување на трудот на работниците и без  јасно дефиниран систем на вредности не можеме да градиме функционални институции ниту подобра иднина.
    Праведен систем за вреднување на трудот на секој работник е еден од темелите на секое здраво општество
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично