Во рамки на концептот на активна и континуирана соработка со сите инвеститори во зоните, денес директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, заедно со заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески оствари официјална посета на Гентерм, ВИК и Инјецтион Моулдинг, компании кои работат во ТИРЗ Прилеп. Посетата опфати координативни средби со раководството на компаниите, како и обиколка низ производствените погони, сѐ со цел да се увидат предизвиците со кои се соочуваат компаниите, да се изнајде решение за наследените проблеми, како и да се разгледаат можностите.
Директорот Димовски ја нагласи посветеноста на Дирекцијата која активно работи на подобрување на условите и олеснување на административните процедури со цел создавање поконкурентна деловна клима и поддршка за понатамошен раст на компаниите. Тој истакна дека само со директна комуникација, транспарентен пристап и партнерски однос со инвеститорите може да се постигне долгорочен економски раст и развој.
Од страна на раководството на компаниите Гентерм, ВИК и Инјецтион Моулдингбеше изразена благодарност за отвореноста и подготвеноста на Дирекцијата за соработка. Тие ги презентираа своите тековни и идни планови, потенцирајќи ја потребата од континуирана институционална поддршка, што директно ќе влијае на работните процеси и подобрување на условите за понатамошни активности.
Заложбите на дирекцијата за ТИРЗ и натаму остануваат во насока на проактивен пристап во соработката со инвеститорите, со цел навремена поддршка при решавање на проблемите, како и согледување на можностите кои се нудат.