ПОВЕЌЕ

    Ден за нашите клиенти – Паметни решенија од Комерцијална банка за новите предизвици на бизнисот

    Време зa читање: 3 минути

    Паметни решенија за новите предизвици на компаниите им понуди Комерцијална банка на своите клиенти на настанот „Ден за вас“, на кој се презентираа нови дигитални алатки и платформи, како и електронски и кредитни можности за лесно и ефикасно управување со финансиите.

    „Ден за вас“ е традиционален настан кој Комерцијална банка со задоволство го организира за своите клиенти – правни лица, а кој во изминатите две години поради Covid-пандемијата го немаше своето редовно издание. Тоа, пак, беше повод годинава „Ден за вас“ да добие уште поголема вредност за клиентите со кои вработените од Комерцијална банка споделија значајни искуства и информации кои ќе им помогнат во планирањето на идните бизнис активности, како и во секојдневното работење.

    „Многу од компаниите сигурно се на крстопат затоа што пазарот, конкуренцијата и потребите на потрошувачите се менуваат со огромна брзина. Пандемијата ја наметна важноста на дигитализацијата. А новата криза го истакна проблемот со опстанокот на бизнисите. Производите и услугите што ги нуди Комерцијална банка ќе им помогнат да решат многу дилеми. Зошто? Затоа што ние ги следиме потребите на клиентите и најновите трендови, особено во областа на дигиталните финансии“, изјави д-р Никола Џамбазовски, член на Управниот одбор и Главен директор за продажба и развој на Комерцијална банка, кој во името на Банката ги поздрави учесниците на настанот „Ден за вас“.

    Комерцијална банка е горда на својата лидерска позиција во сегментот на дигиталните производи и услуги. Клиентите имаа можност на настанот непосредно да се запознаат со бесплатната платформа за дигитално потпишување договори, со Инкотермс 2020 калкулаторот како едноставен водич за избор на содветен паритет за испорака на меѓународниот пазар, со предноста на платежните картички при управување со готовинскиот тек и со трошоците на компанијата и, секако, со E-commerce услугата на Комерцијална банка, со која секоја продавница може да се отвори за целиот свет 24/7.

    За внесување нова енергија во бизнисот, на клиентите им ја презентиравме Програмата за одржливо рестартирање мали и средни претпријатија, финансирана од Европската банка за обнова и развој со бесплатна техничка поддршка и исплата на 15 % грант финансиски поддржан од Норвешка, Луксембург и САД, која е од особено значење за рестартирање на бизнисот во актуелните турбулентни времиња.

    Мисијата на Комерцијална банка останува посветена на потребите на клиентите затоа што Полесно е заедно да се справите со сите предизвици.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично