ПОВЕЌЕ

    Денес последен рок за потврда или поправка на даночните пријави

    Време зa читање: < 1 минутa

    Граѓаните уште денеска ќе можат да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета даночните пријави за конечни.

    „На 01.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани. Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година, соопштија претходно од Управата за јавни приходи.

    Тоа може да се стори на системот е-Персонален данок.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија, стисни тука [ топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично