ПОВЕЌЕ

    Данската национална банка изложена на напад на СоларВиндс

    Време зa читање: 2 минути

    Данската национална банка беше нападната минатата година во глобалната хакерска операција „СоларВиндс” и ја остави „задната врата” на својата мрежа отворена седум месеци, објави вчера „Верзија 2″, повикувајќи се на документи поврзани со случајот.

    Хакерите, кого САД ги обвинуваат за соработка со руските тајни служби, биле невообичаено софистицирани и го модифицирале кодот во софтверот за одржување на мрежата „СоларВиндс”, што успеа да собори дури 18.000 корисници низ целата земја.
    Потоа хакерите можеа да го користат „СоларВиндс” за да влезат во мрежата на одредени институции и да овозможат подоцнежен континуиран пристап.

    Централната банка, која управува со трансакции од неколку милијарди долари секој ден, одговори дека „нема знаци дека нападот имал реални последици”.

    „Нападот врз СоларВиндс ја погоди и финансиската инфраструктура во Данска. Релевантните системи се зачувани и анализирани веднаш штом се дозна за пробивот”, се наведува во соопштението.

    Руската влада негира вмешаност во нападот со кој беа погодени компании и институции ширум светот, вклучително и девет федерални агенции на САД.

    Претседател на „Мајкрософт”, кој го опиша нападот како „најголемиот и најсофистицираниот што светот некогаш го видел”, минатата недела рече дека е откриен нов чекор во рамки на истрагата против хакерите на „СоларВиндс”.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично