ПОВЕЌЕ

    Даночно „замешателство“ за користење туѓо возило (кое може и да изгори, но не мора)

    Време зa читање: 2 минути

    Користењето на туѓо возило е форма на ЗАКУП.

    Закупот е оданочив доход за сопственикот на возилото. Претпоставуваме дека е логично и пазарно, сопственикот да наплатува закупнина за своето возило што дал да го користи друг (постојано).

    Сепак, ако се работи за “другарство” и сопственикот не наплатува закупнина за користеното возило (бензинот и одржувањето секако треба да ги покрива корисникот), тогаш КОРИСНИКОТ примил ПОДАРОК (закупнина што НЕ ја плаќа) што е исто така доход кој се оданочува со данок на доход на основица: пазарната вредност на закупнината што би се остварила (пазарната вредност на користењето на возилото може да се провери во рент-а-кар компаниите).

    Во овој случај данок плаќа корисникот „за без пари” на возилото.

    Ова е краток водич за постапување во даночниот сегмент (така ќе се потврди/отфрли изјавата за користењето на туѓо возило и истата ќе се категоризира како ПРИКРИЕНА ПРАВНА РАБОТА, ако не постои правна подлога (документи/договор и пријави во УЈП) за една од двете можни варијанти.

    На горниот начин функционира правна држава, но не застанува тука, продолжува….

    –  „ги тресе од гаќи“ финансиите и имотот на давателот и корисникот на возилото, заедно со сите членови на нивното потесно семејство по машка и женска линија и се разбира по … сватовска и шоферска линија и линија на лично обезбедување.

    Ќе има ли „тресење од гаќи“?

    Да не се шегуваме… Ќе нема! …

    Си тераме по старо…

    Уставнитеее….

    Фејсбук статус на даночниот експерт Павле Гацов

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично