ГД Гранит АД потпиша договор со Јавното Претпријатие за државни патишта за Изградба на автопат А4, делница ГП “ Блаце” – Скопје ( клучка “ Стенковец “), Подделница 1- проширување на постоен пат А4 од ГП “ Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат со с.Блаце.
Вредноста на договорот со пресметан ДДВ изнесува 881.742.867 денари со рок на изведување 42 месеци.