
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат општината ќе продолжи со обновата на фасадите и мерките за енергетска ефикасност на станбените згради. Според него, станарите ќе добиваат субвенции за поставување нови, енергетски ефикасни фасади, со што се намалуваат трошоците за греење и ладење, а зградите добиваат современ и уреден изглед.
„Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, изјави Герасимовски.
Тој додаде дека паралелно се поставуваат и фотоволтаични системи на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, рече Герасимовски.
Аналитика








