ПОВЕЌЕ

    Герасимовски верува дека ќе победи во првиот круг во Центар

    Време зa читање: 2 минути

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 потенцираше дека концептот „За Центар што го сакаме“ е победник на локалните избори во Центар.

    „Верувам дека ќе победиме во првиот круг, иако гледаме многу анкети изминатиот период и ние направивме неколку, во коишто имаме добри резултати. Гледаме тесна битка меѓу двајцата кандидати од ЗНАМ и од независниот партиски кандидат. Има интересна битка кој да влезе ако има втор круг. Но јас верувам дека работата ќе ја завршиме во првиот круг. Но, доколку има втор круг спремен сум кој и да влезе, да го победиме во вториот круг“, рече Герасимовски.

    Тој, потенцираше дека покажал како се работи чесно, транспарентно и домаќински овие четири години.

    „Ги слушавме, почитувавме, заедно ги креиравме политиките и програмите со граѓаните овие четири години. Реализиравме над 90% од минатата програма од 2021 година и поради тоа што имаме одлична програма, визија и добар тим на луѓе коишто чесно, одговорно и транспарентно ќе има уште еден најдобар мандат со голем број на проекти коишто ги планираме да ги почнеме од следната година“, изјави Герасимовски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично