Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал.
Заврши растот на цените во последните недели
Растот од последните недели очигледно заврши. Тортата се изеде пред целосно да биде испечена. Иако последната инфлација беше пониска од очекуваната, пазарот не можеше повеќе да одговори позитивно. ФЕД ги зголеми каматните стапки за очекувани 0,50 процентни поени, но вниманието беше фокусирано на коментарите на ФЕД во врска со идните движења на каматните стапки. Изјавата „повисоко на подолг период“ не беше добро прифатена. Пазарот реагираше многу негативно и неделата ја заврши во минус. ЕЦБ постапи слично како и ФЕД и ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени, а во исто време најави намалување на стимулативната политика во 2023 година. Купувањето на новите обврзници ќе биде помало од рочноста на постојните. Пазарот на обврзници реагираше негативно на тоа и приносот на германските 10-годишни обврзници скокна на 2,15%, но интересно е тоа што берзата речиси и не реагираше на ова. Затоа, европските акции продолжуваат да бидат едно од најголемите финансиски изненадувања во 2022 година, а нивниот отпор кон лошите економски вести е сè поинтересен. Особено ако се има предвид фактот дека европските земји планираат рекордно ниво на задолжување за спроведување на сите нови политики, како борбата против високите цени на енергијата, така и зелените политики итн. Но, за разлика од претходните години, овој пат задолжувањето повеќе не е бесплатно.
Инфлацијата во САД покажува знаци на успорување, додека во Европа, напротив, засега нема такви знаци
Очекувано, конечната каматна стапка на ФЕД повторно е над 5 %, поточно 5,1 %. Инфлацијата покажува знаци на успорување, но зголемените цени на храната и кириите се загрижувачки. Во Европа, од друга страна, засега нема знаци за големо успорување, инфлацијата е само понепредвидлива поради мноштво различни државни политики кои постојано се менуваат и го ограничуваат растот на инфлацијата од една страна, а од од друга страна, продолжува влијанието на инфлацијата. Бесплатен ручек не постои. Купувањето социјален мир има своја цена.
Технолошките акции под поголем притисок
Технолошките акции повторно беа под поголем притисок, а последната „голема акција“, Apple, покажа знаци на слабост. Цената под 140 долари сигнализира неможност да се задржат клучните технички нивоа, додека информациите за послабите очекувани продажби и генерално лошите трговски податоци ја поткопуваат довербата во технолошкиот гигант, како и во поизложените сектори на економијата. Божиќната продажбa е на врвот, а ниската доверба на потрошувачите и менаџерите за набавки предизвикува се повеќе сомнежи кај инвеститорите. Во изминатиот месец тоа најсилно ги погоди акциите на трговците, но и на продавачите на стоки за широка потрошувачка.
Отворањето на Кина дава надеж за подобра 2023 година
Азиските акции поминаа подобро од оние на развиените пазари. Отворањето на Кина продолжува да дава надеж за подобра 2023 година, иако довербата на потрошувачите и менаџерите е многу ниска. Довербата е на најниско ниво од почетокот на мерењето на податоците. И двете се во зоната на рецесија. Ова не е вклучено во економските модели за 2023 година, а помалата кинеска побарувачка за стоки од развиениот свет дополнително би ја влошила ситуацијата, особено во Европа.
Енергенсите остануваат на пониски нивоа
На пониски нивоа остануваат и енергетските производи. Нафтата се движи околу 75 долари и се повеќе аналитичари сметаат дека цените на енергетските компании се превисоки во однос на цената на нафтата и следи корекција дури и во индустријата која најдобро се покажа во 2022 година. Доларот и еврото одржуваат сооднос од околу 1,05 долари за евро.
СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ
Ги броиме последните денови од 2022 година. Крајниот резултат е подобар од очекуваниот, особено по нападот на Русија врз Украина. Започнува 2023 година. Оваа година ќе биде потешка бидејќи макроекономските податоци, со исклучок на инфлацијата, се влошуваат. Но, бидејќи пазарот на труд останува многу силен, шпекулациите за идната монетарна политика остануваат многу широки. Остриот скок на берзите во изминатите два месеци покажува дека на берзите чекаат многу слободни пари го чекаат дното на пазарите на капитал. Од друга страна, се чини дека овој раст или отскок се исцрпени и за поместување повисоко ќе бидат потребни различни, нови и пред се пооптимистички информации. Можно е и движење малку пониско, бидејќи инвеститорите ги преиспитуваат економските податоци кои сè повеќе сигнализираат рецесија. Ова не е сигурно, но станува се поверојатно. Во вакво опкружување, кога централните банки остануваат централен играч на пазарите на капитал и нивната комуникација останува доста непредвидлива, а од друга страна силниот раст на пазарите во последните недели, се укажува на потреба од зголемена внимателност и поконзервативен пристап во првите недели од новата година. Со оглед на сите предизвици и очекувани промени, акциите повеќе не се евтини, но одредени сегменти на пазарот се уште нудат можности, бидејќи иднината или очекувањата на инвеститорите за тоа како треба да изгледа истата може многу брзо да се променат. Препорачуваме да се задржи долгорочен пристап со периодични зголемувања на инвестициите, што се покажа како добар одговор и најдобар резултат во услови на поголема нестабилност. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали НОВА ЕУ и паричниот фонд Генерали Кеш Депозит, ги нуди најдобрите решенија за сложениот коктел на актуелната политичка ситуација и економското опкружување. Тоа исто така носи одредени можности. Оние кои имаат поголема позиција во технологијата или одредени други сегменти во нивното портфолио можат да го искористат овој пораст за да ги реконструираат своите портфолија. Генерали БРИК сепак, останува многу шпекулативна инвестиција, бидејќи кинеската држава редовно и често ја менува сликата за иднината што ја предвидуваат инвеститорите, што со себе носи силни флуктуации. Времињата се непредвидливи и ќе се појават можности. Последниот пораст покажува дека пазарот е непредвидлив и дека се потребни постепени и методички чекори во прилагодувањето на инвестициското портфолио, бидејќи чекањето на оптимален момент води до можност за пропуштање на силни скокови. Порастот не значи дека кризата е завршена и дека не е можно ново дно. Тоа само покажува дека да се биде премногу самоуверен во една приказна и како резултат на тоа да се има неизбалансирано портфолио може да биде опасно.
Ќе се сретнеме повторно во јануари 2023 година. Во име на Генерали Инвестментс, на сите ви посакуваме здрава, успешна и просперитетна 2023 година и среќни празници. Останете со нас и ние ќе ви понудиме одговори на економски и финансиски предизвици и во 2023 година. Среќно!