ПОВЕЌЕ

    „ВРИЕ“ НА ПАЗАРОТ НА ТРУД: КАЈ НАС НА ГУРБЕТ ДОАЃААТ ТУРЦИ, НАШИТЕ БЕГААТ НА ЗАПАД, а Oтворен Балкан заеднички се спрема за работници

    Време зa читање: 4 минути

    Една од заложбите на Отворен Балкан е да се создаде единствен пазар на труд меѓу Македонија, Србија и Албанија. Идејата е граѓаните да се вработуваат во овие земји со идентификациски броеви на Отворен Балкан, без дополнителни административни бариери, но и големите странски инвеститори што ќе доаѓаат да може да користат вработени од повеќе земји, на пример, ако се отвори фабрика во Врање, да може таму на работа да одат и македонски државјани.

    Потребата од работна сила е во фокус на економиите на сите земји. Развиените земји немаат рабoтна сила за потешки  работи, за мануелни во трудоинтензивните и за занаетчиските работи, но за пополнување на овие нивни работни позиции постои интерес од граѓаните од балканските земји, заради попривлечните плати. Од друга страна, за овие работни позиции се јавува „дупка“ и на Балканот. Секако, тука се и здравстевните работници, кои недостигаат во сите земји. Последица на овие случувања е една поинтензивна раздвиженост на пазарот на трудот каде газдите се во потрага по работници, а работниците по попристојна заработувачка.

    И кај нас бараат работа странски државјани. Така информираше министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, иако сме на средина на 2022 година, за работа во земјава аплицирале работници од странство за 70 отсто од квотата која е за 5.000 работници. Најголем дел на работнитиците кои доаѓаат да работат во земјава се општи работници со средно и со основно образование.

    Во 2021 година издадени се вкупно 4.548 дозволи за работа на странци. Од почетокот на 2022 година издадени се 2.267 дозволи за работа на странци, а речиси 50% се за работници од Турција.

    ​​Работниците од странски земји, пазарот на РСМ го гледаат како можност, без разлика дали е тоа во градежништвото, или во производство. Ова докажува дека во Македонија има работни места, но сигурно треба повеќе работа – истакна Бектеши.

    Еве што покажуваат податоците за заработувачката и за стапката на невработеност во Турција: Просечна  нето заработувачка во прв квартал на 2022 година во Турција е 7.825 лири, или 450 евра во моментов; Бруто зарабoтувачката на месечно ниво е 10.000 турски лири, или 575 евра;  Минималната нето-плата е 245 евра, но таму има стимулации за повисок „минималец“ за вработен кој е во брак и има најмалку 3 деца. Инетересно е што има и прогесивно оданочување на доход со стапки од 15 до 40%, а стапката на невработеност во првите месеци од 2022 година се движела од 11 до 12 проценти.

    Проблем во Турција е постојана и голема девалвација на турската лира, така што заработувачката постојано губи на вредност и вредноста во табелата е според курост на 5.07.2022 година.

    Податоци за заработката на вработените во Турција

    КомпанијаДобивка/Загуба 2021
    Просечна нето-плата 450
    Минимална нето-плата 245
    Стака на невработеност11-12%

    Износите се во евра | Извор: https://wagecentre.com/work/work-in-middle-east/salary-in-turkey

    „Отворен Балкан“ во моментов е иницијатива во која членуваат Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива капацитетот на регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за бизнисите. Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на луѓе и добра. Условите се различни.

    Примања и стапка на невработеност во земјите од Отворен Балкан

    Износите се во евра

    ДржаваБруто просечна платаНето просечна платаСтапка на невработеност
    Македонија 76651314,8%
    Србија 856 62210,6%
    Албанија 505 / 11,3%

    Износите се во евра | Извор: Национални статистички агенции/последни расположливи податоци

    Податоците покажуваат дека Македонија има најголема стапка на невработеност меѓу земјите од Отворен Балкан, а во однос на просечната заработка се наоѓаме на средина, при што највисок е просекот во Србија, а најнизок во Албанија.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање на хиперлинк до содржината што се цитира.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично