Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.07 – 30.07.2021 година вкупниот промет изнесувал 1.067.030.168 денари и е намален за 31,14 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 483.320.024 денари и е намалено во однос на јуни за 10,24 отсто кога изнесувало 538.444.769 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 456.228.265 денари и обврзници во вредност од 27.091.759 денари.
Блок трансакциите во јули изнесувале 583.710.144 денари и се намалени за 42,26 отсто во однос на јуни.
Бројот на трансакции во јули изнесувал 1.320 и е намален за 6,45 отсто во однос на јуни кога изнесувал 1.411.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за јули се на Комерцијална банка АД Скопје, следи Реплек АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.
Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Гранит Скопје со 35 036 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 1.222,92 денари.
Месечниот статистички билтен за јули 2021 година можете да го погледнете тука.