Весна Кутревска веќе е сопственик на над 5 отсто од акциите на компанијата „Пекабеско“.
За оваа промена, извести компанијата преку Македонска берза.
,,ПЕКАБЕСКО АД Кадино ја известува јавноста дека во изминатиот период преку берзански трансакциии физичкото лице Весна Кутревска од Скопје се стекна со 50 обични акции издадени од ПЕКАБЕСКО АД Кадино.
Физичкото лице Весна Кутревска поседува вкупно 1517 обични акции, односно има учество од 5,04% во главнината на акции со право на глас на ПЕКАБЕСКО АД Кадино”, стои во известувањето на компанијата објавено на Берза.