ПОВЕЌЕ

    Бундесбанк предупредува на „зимска пауза“ за германската економија!

    Време зa читање: 2 минути

    Недостигот од суровини и работна сила и новите ограничувања во борбата против пандемијата на Ковид 19 доведоа до „пауза“ во закрепнувањето на германската економија од корона кризата, но не ја запреа инфлацијата, објави во понеделникот централната банка на Германија.

    Германската економија силно порасна во првата половина од годината, но растот во меѓувреме забави поради нарушувањата во понудата на индустриските компании и тешкотиите на градежниот сектор да најде работници, објави Бундесбанк.

    Затоа, може да се очекува „пауза“ во закрепнувањето на економијата од корона кризата, додаваат тие.

    „Гледано од денешна перспектива, БДП би можел да стагнира во есенскиот квартал“, проценуваат тие, алудирајќи на последните три месеци од оваа година.

    Според нив, веројатно уште некое време инфлацијата ќе остане далеку над нивото од три проценти.

    Цените би можеле да пораснат за речиси шест отсто во ноември, а нивниот раст би требало да ослабне во 2022 година, бидејќи ефектот од ниската компаративна основа од 2020 година, кога владата привремено ја намали стапката на ДДВ за поддршка на трошоците во пандемијата, ќе отсуствува, потсетува Бундесбанк.

    Инфлацијата уште долго ќе биде повисока од три отсто, а кога ќе се исклучат флуктуациите на цената на енергенсите и на храната би требало да биде повисока од два отсто, предвидуваат тие потсетувајќи на претстојните преговори за покачување на платите.

    Иако летово преговорите ррезултираа само со скромни зголемувања на платите, реалното зголемување е поизразено бидејќи работниците повторно го зголемија бројот на работни часови по намалената саатница во пандемијата.

    „Макроекономските услови сугерираат и посилен раст на платите во колективните договори што ќе бидат продолжени во блиска иднина“, забележува Бундесбанк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично