ПОВЕЌЕ

    БРАКО испорача 17 возила во САД и Обединетото Кралство

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во текот на април БРАКО испорача 17 возила за одржување хигиена во урбани средини во САД и Обединетото Кралство.

    Повеќе од половината од нив се електрични возила, додека останатите се возила на класичен погон.

    Овој пат клиентите имаа најголем интерес за моделите со рачно управување, во кои е вграден најсовремен систем за рециркулација на воздухот со што е зголемен капацитетот за филтрирање на прав и за три пати е зголемена ефикасноста за собирање на штетни честички.

    Интерес има и за класичните ,,636″ машини, од серијата која е надградена по највисоки европски и светски стандарди и за која неодамна е добиен ТУВ сертификат од Германија како потврда за меѓународен квалитет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично