Стопанска банка АД – Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката.
„На 19.03.2020 година, Гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија издаде согласност за именувањето на г-динот Бојан Стојаноски за член на Управен одбор на Стопанска банка АД – Скопје и Генерален директор за управување со ризици.
Од истиот датум, досегашниот Генерален директор за управување со ризици, г-динот Тони Стојановски се именува за Генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управен одбор” – се вели во соопштението на Банката.
Мандатот на новоизбраниот член на Управниот одбор ќе биде четири години.
Согласно новите измени, Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје го сочинуваат:
- Диомидис Николетопулос – Генерален Извршен Директор и Претседател на Управен Одбор
- Тони Стојановски – Генерален Директор за корпоративно банкарство, член на Управен Одбор
- Милица Чапаровска – Јовановска – Генерален Директор за банкарство на мало, член на Управен Одбор
- Бојан Стојаноски – Генерален директор за управување со ризици, член на Управен Одбор